Сениха е жена која пораснала во богато семејство, во кое целото внимание, љубов и можности му биле давани на нејзиниот брат Халит. Додека тој добива образование, успешна кариера и привилегиран живот, Сениха останува запоставена и со години ја носи огорченоста кон него и кон своето семејство. Oсобено кон нејзината мајка, опседната со статус и моќ и особено во миговите кога нејзиниот брат станува успешен адвокат, а таа ги живее деновите затворена зад прозорците на големата вила.
Работите се менуваат кога Халит ја прекинува договорената свршувачка со девојката која му ја мести сестра му, па се жени со младата и убава Мукерем. Сега, огорчената Сениха дознава за тајното минато на девојката и започнува да кова планови како би ја уништила врската на нејзиниот брат и со тоа би му се одмаздила за тоа што тој целиот живот го имал она што нејзе ѝ било ускратено. Така, минатото на Мукерем станува оружје во рацете на Сениха, а нејзината долгогодишна љубомора почнува да го разорува семејството одвнатре.
Улоги : Özgü Namal (Сениха), Mehmet Günsür (Халит), Hafsanur Sancaktutan (Мукерем), Selahattin Paşalı (Нузхет)
Извор: tvpaket.com.mk
