Златни Двори
Русокосата Ана живее на еден скромен, но убав ранч, кој сама си го одржува. Таму живее со духовитиот дедо Јоза и таткото Антун, добар, но нереален човек чии потези ги довеле до оваа лоша финансиска ситуација. Нејзиниот дедо, пак, не е способен за физичка работа, но затоа пак е постојано весел, со ведар дух и го сака своето семејство. Од својата мајка која заминала во странство да гради кариера на пејачка, Ана го наследила убавиот глас. Околностите за заминувањето на нејзината мајка, сепак се чудни и обвиени во голема мистерија. Нејзиниот татко не сакал ниту да и зборува за мајка и, но затоа пак единствено нешто кое останало спомен од неа за Ана е една песна, која таа постојано им ја пее на коњите. Ана е всушност девојка која не се грижи многу за својот изглед и однесување, а заработува така што прави колачи и работи на имотот на газда Никола, најмоќниот човек во месноста чие богатство и пространства постојано се шират. Никола освен со производство на храна од своите полиња, се занимава и со селски туризам и организација на ексклузивни етно венчавки. Но, малиот имот на Ана за него е од големо значење затоа што сака да направи огромен забавно рекреативен центар на таа парцела. Од друга страна, таа го привлекува многу, но Ана има вроден инстинкт да препознае човечки карактери, и отпочетокот не чувствува ништо за него, ниту како кон маж, ниту како кон личност. Една неочекувана средба со богатиот Загрепчанец Петар ќе го промени од корен животот на селанката Ана. Петар, заедно со својот пријател Иван, брза накај свадбата на сестрата на Никола, но истовремено во брзање е и Ана, која ја носи својата кобила Пламенка на ветеринар за да се породи. И во една таква брзаница, за малку ќе се случи несреќа меѓу возилото на Петар и коњот на Ана. Првата средба ги распалува огновите на љубовта меѓу двајцата млади, кои допрва ќе се разгорат и ќе донесат лавина на страст и љубов. Петар навикнал девојките да паѓаат на неговиот шарм, но Ана е сосема поинаква. Дополнително откако ќе го слушне нејзиниот милозвучен глас, ќе се вљуби во неа. Романсата продолжува и во моментите кога тој и помага на Ана да ја породи кобилата и ја спасува од еден пожар. Тој е добар и неодговорен човек со слободен дух кој не сака да се врзува со бизнисот на татко му Винко, па затоа е во постојан конфликт со него. Петар сака да успее во продуцентските води, па затоа неговата мајка Ирена му дава еден предлог - да одбере пејачка и во рок од три месеци од неа да направи ѕвезда, а во спротивно, да се врати без приговор, во компанијата на татко му. Петар го прифаќа предизвикот и за своја муза ја одбира Ана.
Улоги : Katarina Baban, Matko Knešaurek, Milan Štrljić, Ecija Ojdanić, Helena Buljan, Lana Ujević, Jan Kerekeš, Duško Valentić и др.
Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk