Цимери

Серијата се потпира на една модерна, современа приказна која раскажува за петмина млади луѓе кои доаѓаат во главниот град да си ја пробаат среќата. Сите тие се цимери во станот на Баба Цена. Марко и Цветко се првите ликови со кои се среќаваме во серијата. Тие се другари од детство. Марко и Цветко бараат на оглас друг цимер за да си ја поделат киријата. Го наоѓаат Митко кој бил вработен во шумското стопанство во неговата општина, но откако се распаднала таа фирма тој е префрлен, преместен  во театар во Скопје. Свјатло е Бугарин по таткова линија, во оваа серија има задача да ги контролира станарите и да ги кодоши кај Баба Цана. Во потрагата по четвртиот цимер, пред да се случи ситуацијата со Свјатло, внукот на Баба Цана, тиа ја запознаваат Фимка. Иако бабата веќе им го донела нејзиниот внук како цимер, а бабата не деозволува петти цимер тие сите, вклучувајки го и Свјатло, сакат да ја задржат Фимка за цимерка бидејќи многу е атрактивна и сите сакаат да ја заведат. 

Извинете, моментално нема видеа овде.