Los Miserables (2014)
По 10 години одлежани за злосторство кое не го направила, Лусија излегува од тексашкиот затвор. Пред да замине, нејзината пријателка од затворот Росалија ја моли Лусија да ја најде нејзината десетгодишна ќеркичка Роксана која живее во Мексико Сити и да се грижи за неа. Лусија и го ветува тоа на пријателката и потоа заминува од затворот. Решава да се врати дома кај своето семејство, но таму ја пречекува едно изненадување. Нејзината злобна сестра Лилијана а и вели дека она е криминалец и срам за целото семејство. Напуштена од семејството, Лусија решава да го побара девојчето на пријателката и да започне нов живот. Барајќи работа, доаѓа во болницата на сестра Ампаро каде почнува добротворно да им помага на болните и повредените од пресметката меѓу полицијата и нарко мафијата. Тука го запознава Даниел, убав и строг шеф на одделот за борба против нарко мафијата и картелот на мафијашот Диабло, воедно и внук на Ампаро. Даниел и Лусија се вљубуваат еден во друг, не знаејќи дека таа љубов ќе прерасне во најголема омраза. Во Лусија се вљубува и братот на Даниел, Сезар, а на патот на среќата меѓу Лусија и Даниел ќе стојат тајните од минатото и сплетките кои засекогаш ќе ги сменат нивните судбини. Мафијата го убива Сезар, а Даниел започнува безмилосна потрага по девојката со која бил Сезар во тој момент и за која верува дека го убила. Таа девојка која била со Сезар кога умирал е Лусија, но таа не е неговиот убиец. Лусија ќе мора да се бори да остане на слобода и да му докаже на Даниел дека не е девојката по која трага.
Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk