Докторот од планината

Категории

Подреди

Во серијата се запознаваме со хирургот Мартин Грубер, кој по пет години патувања во Минхен, Париз и Њујорк, решава да се врати во своето родно село по повод роденднеот на неговата мајка. Кога доаѓа во Елмау, се шокира од трагедијата што се случила - починала неговата некогашна најголема љубов, жената која се омажила за неговиот брат Ханс. По погребот, по долго време, повторно го среќава својот ментор, доктор Роман и својата внука од брат, Лили. Доктор Роман му предлага на Мартин да ја превземе неговата ординација во селото, затоа што самиот планира да се пензионира. На почетокот, др Мартин не е сигурен дали треба да ја прифати понудата или не, но неколку фактори ќе влијаат на тоа да самиот тој остане во местото. Открива дека Лили не е негова внука, туку негова ќерка, а имајќи ја и во предвид потребата на селаните од неговата медицинска помош, решава да остане во селото, да ја превземе ординацијата и да стане доктор во планината. Секоја епизода, нова приказна. Секоја епизода, нов обид на Мартин и Ханс да ги спасат жртвите од несреќи во планината или планинарите заробени од изненадувачките бури. Прекрасен, но опасен планински амбиент ги очекува јунаците на оваа медицинска драма. Топла семејна приказна снимана во недопрената природа на Алпите. Драматична и возбудлива комбинација на емоции, акција и извонредна актерска екипа.

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

 

 

RSS