Ја бранев млада Босна

28 јуни, 1914 година, Гаврило Принцип и неговите другари, млади момци кои сонуваат за слобода, ќе извршат атентат врз пресолонаследникот на Австроунгарската империја, Франц Фердинанд. Сите ќе бидат осудени на смртна казна и сите ги чека макотрпен судски процес, во кој за пресудата е однапред одлучено. На судењето кое следи, нив ќе ги брани младиот правник Рудолф Цистлер кој поради одбраната на младобосанците, ќе наиде на револт и гнев од многумина. Откако ќе ги запознае момците обвинети за убиството и ќе ги спознае и сфати нивните мотиви и потреби, самиот бранител ќе се соочи со најголемата емотивна драма и ќе го прифати најголемиот ризик во својот живот. Од негов агол ќе го пратите целиот судски процес за прочуениот сараевски атентат. 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk