Fortitude
Фортитјуд е мало гратче кое брои 713 жители (Данци, Швеѓани, Лапонци, Ирци), но затоа пак бројот на поларни мечки кои живеат таму е три пати поголем од бројот на луѓе. Неговата природа е истовремено восхитувачка, но и застрашувачка. Тоа е место во кое човек може само да побегне и да се скрие од секојдневието, место каде не смееш без пушка да излезеш надвор затоа што поларните мечки демнеат. Таму нема невработени, секој со секого се знае, за злосторства не ни чуле ниту виделе. Но постојат и одредени правила кои мора да се почитуваат. На пример, заради екстремно ниските температури, не смее некој да умре таму, туку на копно, затоа што лешевите на таа клима не се распаѓаат. Но мирниот живот на поларното гратче еден ден ќе биде пореметен. Убиството на британски научник ќе ја размрда работата на полицискиот офицер и ќе ги стави под тест сите потенцијални убијци и следни жртви. Истрагата на полицискиот офицер ќе извади на виделина многу брачни неверства, политички завери и чудни откритија. Во оваа интригантна мистерија, секој детал е важен за гледачот, и во секоја следна епизода, ќе се прашувате - што навистина се случува овде и дали сме на чекор до вистината, или се уште сме на самиот старт.
Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk
Слични Категории
Извинете, моментално нема видеа овде.