Забранета Љубов

Приказната се врти околу младата и убава Бјанкa, која живее во својата мајка, манипулативната и алчна Флавија. Бјанка смета дека мајка и го изневерува татко и со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира. Бјанка решава да и се одмазди на својата мајка така што ќе се омажи со богатиот Ариел за кого и нејзината мајка Флавија сонувала да се омажи. Ариел е дваесет години постар од Бјанка, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Мајами со својата ќерка Нинa, синот Сантјаго, внукот Бруно и дадилката Дениз. Бракот помеѓу богаташот Ариел и младата и фатална Бјанка ќе донесе лавина на страсти и неверства кои ќе биде тешко да се запрат. По свадбата, Бјанка се вселува во куќата на сопругот, но и покрај љубезноста на Ариел и големата грижа и љубов што и ја пружа, таа не е среќна со него. Но... се случува нешто неочекувано. Кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, младиот и атрактивен внук на нејзиниот сопруг Ариел, кој живее во истата куќа, чувства кои е невозможно да се притајат и заборават. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта кон Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна. 

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk