Самец во Бракот

Радмило е адвокат кој со години е вљубен во убавата Лилјана. Иако е најпосакуваниот ерген во малото гратче каде живее, тој ги одбива сите брачни понуди затоа што сака Лилјана да е единствената жена со која би се оженил. Но таа планира да се омажи за Момчило, кој пред свадбата, во последен момент го покажува своето вистинско лице и одбива да се ожени со Лилјана. Изнервирана и бесна поради тоа, Лилјана од инает се мажи за Радмило иако не е заљубена во него. Лилјана не е среќна во бракот и сака да се разведе, а Радмило ја моли да остане уште некое време како би смислиле како сето тоа ќе помине без скандали и озборувања во малото место. Радмило во бракот живее како самец, а Лилјана со тек на време почнува да го цени неговото внимание. Нивниот однос постепено прераснува во голема љубов и тие двајцата остануваат да живеат заедно. 

Улоги : Милош Биковић (Радмило), Бранкица Себастијановић (Лиљана), Весна Станојевић (тетка Стана), Игор Первић (таткото на Лиљана), Урош Јаковљевић (Момчило)

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk