Невиност-Сител ТВ (2020)

Хан е успешен бизнисмен кој живее заедно со неговиот татко Хикмет и неговите три сестри Сафијe, Ѓулбен и Нериман. Хан го посветува целото свое време за семејството и нема свој приватен живот. Неговиот татко боледува од дијабетес, неговата мала сестра Нериман боледува од астма додека неговите две големи сестри имаат психички проблеми. Сафије и Ѓулбен се опседнати со хигиената во домот, дури четири пати го мијат зеленчукот со сапун и не пуштаат никого во кујната како не би внеле бактерии. Нивната зависност од чистење ги прави животите на членовите на семејството тешки и мачни. Бидејќи сакаат да исчистат сè на совршен начин, трошат толку многу време дури и да подготват едноставно јадење. Дополнително, тие користат еден од нивните станови за складирање и трупање на работи. Кога немаат доволно време да ги исчистат чаршафите или облеката на совршен начин, тие само ги ставаат во вреќа за ѓубре и ги ставаат во нивниот таинствен стан каде би седеле додека не најдат доволно време за чистење. Братот им приоѓа на своите сестри на нежен начин и со многу внимателност и разбирање, не ги осудува и се труди максимално да им даде поддршка притоа правејќи жртва за сопствениот живот. Тој е личноста која за нив станал прозорец кон светот, но за сметка на тоа, се лишал од многу задоволства и радости. Неговите сестри не сакаат да го загубат својот брат и не сакаат тој да се ожени, па постојано го проверуваат каде оди и со кого.

Но, една случајна средба со младата девојка Инџи го менува животот на Хан. Од чиста случајност, Инџи и нејзиното семејство изнајмуваат еден од становите на семејството на Хан од кога и започнуваат проблемите за Инџи и Хан, кои постепено се приврзуваат и вљубуваат еден во друг. Сестрите на Хан не би сакале невеста во нивниот дом и нивната необјаснлива љубомора е тоа што ќе се испречи на патот на среќата на вљубените.

Опсесија и посесивност. Љубомора и интровертност. Проблеми со кои ќе мора да се соочат Хан и Инџи, проблеми кои се косат со здравиот разум и проблеми кои може да се решат само еднаш и засекогаш - со спротиставување на двете чудни сестри и барање излез од чудниот стан во кој живеат. Станот каде започнаа сите проблеми и каде мора да се стави крај на целото лудило.

Улоги : Farah Zeynep Abdullah (Инџи), Birkan Sokullu (Хан), Ezgi Mola (Сафије), Merve Dizdar (Ѓулбен)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 89 / 89