Грешници (2022)

Семејството Демирханли и е богато и моќно семејство, кое живее во голема палата во Истанбул. Орхун Демирханли е успешен бизнисмен со ладно срце и безмилосен карактер што наликува на неговата мајка, доминантната госпоѓа Афифе. Тоа се луѓе кои не ги покажуваат тагата и болката, ниту се жалат и плачат како обичните луѓе. Сестрата на Орхун е убиена од локална банда во Африка додека ја извршува својата задача како доктор волонтер. Од тој момент, Орхун и неговата мајка се подготвени на сѐ за да ја одмаздат смртта на нивната ќерка и сестра. Одмазда кон сите што го направија тој грев, од најзлобниот до најневиниот.

Орхун заминува во пустината за да се реши од убијците на неговата сестра, а таму, под пеколното сонце и на врелиот песок ја наоѓа Хира, млада девојка од Турција која била киднапирана и малтретирана од локалните банди. Тој е решен да ја спаси робинката, но истовремено дознава дека таа е онаа која ја отрула неговата сестра. Намерно или не, не го интересира тоа Орхун, чие срце е сега обвиено во гнев, бес и силна желба за освета. Неговата одлука ќе биде пострашна од сето она што го доживеала Хира во пустината затоа што сега тој е решен да ја убива Хира, ден за ден, час за час, минута во минута. Ја зема со него во големиот Истанбул и ја вработува како слугинка во неговата куќа. Од оковите во пустината кои ѝ правеа рани на телото, сега ќе ги носи оковите на психичката тортура која ќе биде пострашна од било што претходно.

Омраза, понижувања и навреди е тоа што ја очекува грешничката во конакот на Демирханли. Суровата Афифе и безмилосниот Орхун се решени по секоја цена да ѝ го направат животот на Хира пекол, но работите почнуваат да се менуваат кога Орхун почнува да гаи чувства кон девојката. Чувства кои ќе ја пробудат љубовта и ќе отворат пат за надеж и верба за младата грешничка.

Улоги : Mahassine Merabet (Хира), Cenk Torun (Орхун), Melahat Abbasova (Афифе), Yağmur Çelik (Нуршах), Ali Yağız Durmuş (Кенан)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 396 / 396