Брачни игри (2021)

Четирите жени од семејството Џевхер се сосема различни, различно реагираат и различно се справуваат со љубовта и работата. Преку четирите главни ликови - мајката и трите ќерки - гледачите добиваат можност да ги видат сите фази на бракот, но и да се запознаат со семејното право. Чолпан е разведенa, Азра е во долгогодишен брак, Ѓунеш се подготвува за брак, а Санем целосно ја отфрла идејата за брак.

Чолпан Џевхер успеала да го изгради адвокатскиот бизнис преку врвни практики на случаи за разводи. Нејзината најстара ќерка Азра ненадејно ја напушта фирмата за да му се придружи на нивниот ривал, додека пак средната ќерка, тврдоглавата Санем, која исто така е адвокатка, останува со својата мајка. Дополнително работите во нивната фирма и живот ќе се искомплицираат кога се појавува таткото на сестрите за да го бара својот дел од бизнисот. Тој пред 25 години ги напуштил и заминал со љубовницата, а сега повторно се враќа во нивните животи за да отвори стари рани и да внесе нови немири.

Стабилниот живот на Азра се менува и кога дознава за неверството на нејзиниот сопруг, кој исто така е адвокат за разводи, а со кого има три деца. И покрај целото нејзино професионално искуство, Азра е сепак неподготвена да се соочи со сопствениот развод, па девојката ќе стане растргната токму меѓу непријатниот развод, новата љубовна врска која ќе ѝ врати стари спомени и жестокото деловно ривалство со сопствената мајка.

Улоги : Gökçe Bahadır (Азра), Sumru Yavrucuk (Чолбан), Gökçe Eyüboğlu (Санем), Serkan Altunorak (Бора), Barış Kılıç (Ефе)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 85 / 85