Последното лето (2021)

Обвинителот Селим Кара добива понуда премногу добра за да ја одбие. Имено пред неколку години тој го обвинил и затворил водачот на мафијата Селџук Ташкин, а сега тој мафијаш сака да сведочи против својата организација во случај кој го води токму обвинителот Селим Кара. Но, мафијашот има еден услов. Би сведочел против мафијата само доколку обвинителот го заштити неговиот син Акгун и на тој начин да го тргне од светот полн со криминал и опасности.

Иако за обвинителот е тешко да се грижи за така проблематичен и навидум опасен дечко, сепак прифаќа да ја превземе таа улога. Селим и Акгун тргнуваат накај Измир, каде живее семејството на Селим. Доаѓањето на Акгун во куќата на обвинителот ќе наиде на изненадување и првично неприфаќање од страна на фамилијата на обвинителот. Сите се прашуваат кој е тој човек, зошто е тука и зошто треба да живее со нив. Неочекуваниот гостин ќе донесе низа и неочекувани ситуации за сите оние кои живеат во тоа место.

Додека бракот на Селим се распаѓа, тој ќе мора да балансира меѓу приватниот живот и работата. Но, истовремено да стане сведок на љубовта која ќе се случи меѓу Акгун и неговата ќерка.

Улоги: Alperen Duymaz (Акгун), Ali Atay (Селим), Hafsanur Sancaktutan (Јагмур), Funda Eryiğit (Џанан)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 70 / 70