Црно срце (2024)

Додека била млада девојка, Сумру ги напуштила своите тукушто родени близнаци без ни да ги подржи во рацете. Таа се преселила во Кападокија со својата мајка Нихајет, каде што се омажила за Самет, богата и истакната личност во туристичкиот бизнис во таа област. Така започнала приказната за Сумру во дворецот на семејството Шансаланови. Годините минувале, а нејзините деца - близнаците Нух и Мелек растат во сиромаштија и омраза кој мајката која ги напуштила. За разлика од нив, Сумру расте во изобилство и богатство во дворецот на Шансаланови. Од бракот со Самет, Сумру добила две деца и тоа Есат и Харика, а пак Самет веќе го имал синот Џихан од првиот брак. Освен нив, во големата куќа живее и опасната Хикмет, вдовица и сестра на Самет, чија единствена цел е да ја омажи посвоената ќерка Севилај за Џихан Шансалан. Во тој план ја поддржуваат и Самет и Сумру кои се одлучни да го омажат Џихан за Севилај.

Работите се комплицираат кога во дворецот се појавуваат Нух и Мелек. Тие ја откриле суровата вистина за црното срце на нивната мајка кога на смртната постела, нивната баба им објаснила која е и каде се наоѓа токму таа. Близнаците се тука за да го побараат она на што веруваат дека имаат право и да се соочат со својата мајка. Шокирана и изненадена, Сумру негира сè, но е свесна дека е само прашање на време кога тајната што ја криела ќе биде откриена. И во една таква напната ситуација, Мелек се среќава со Џихан, а Нух ја заознава Севилај. Од првиот момент, Џихан се вљубува во убавата Мелек и не може да ја извади од мислите, дури и кога се наоѓа на работ на принуден брак со Севилај. И срцето на Севилај почнува да чука за Нух, но и нејзината среќа ќе треба да зависи од желбите на мајка ѝ Хикмет и чичко ѝ Самет.

Иако Сумру се обидува да ги држи децата што ги отфрлила подалеку од своето семејство, Мелек и Нух постепено ќе се инфилтрираат и во семејството и во срцата на Џихан и Севилај. И додека тајните постепено почнуваат да се откриваат, во животот на големото семејство се појавува злобниот Тахсин кој е решен да се одмазди за долговите од минатото. Интригите започнуваат, огновите се разгоруваат, приказната дополнително се заплеткува ...

Улоги : Ece Uslu (мајката Сумру), Hafsanur Sancaktutan (ќерката Мелек), Aras Aydın (синот Нух), Burak Sergen (Самет)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 63 / 63