Скриени во Љубовта (2023)

Мете и Наз доаѓаат од богати фамилии, кои поради еден инцидент од детството, ги вериле уште од мали нозе. Како што минуваат годините, така и нивната врска станува вистинска бура од жестоки расправии и помирувања. Мете се враќа од студиите во Лондон за да го одржи ветувањето дадено одамна и да се ожени со Наз. Но, неочекуваната средба на Мете со Инџила ќе донесе бура од неочекувани настани. Инџила е долгогодишната слугинка на Наз која растела во таа куќа и која крие длабоки рани од своето детство. Една ноќ, еден бакнеж, една несопирлива страст ќе ги промени нештата и ќе создаде една нераскинлива емоција меѓу Инџила и Мете која нема да може сосема случајно да избледи.

Од една страна, Мете е приморан да се ожени со Наз, а од друга страна е љубовта кон слугинката и тајната за нивната заедничка ноќ. Сомнежот нема да ја преиспита одлуката на Наз, а љубомората ќе стане доволна болна за да ја спречи забранетата љубов. Секоја следна постапка ќе може да скрши нечие срце, а секоја откриена тајна да ги промени судбините.

Улоги: Cemre Baysel (Инџила), Uraz Kaygılaroğlu (Мете), Asude Kalebek (Наз)​

Извор:tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 12 / 12