Убавата Марал

Марал е млада и убава девојка која работи како келнерка во ресторанот, кој е во склоп на познатата модна куќа "Луна". Заљубена е во Сарп, млад и сладок дечко кој работи како шеф на одделот за чоколада во истиот ресторан и со кој взаемно разменуваат симпатии и скриени погледи. Но, покрај љубовта кон колегата, Марал во таа модна куќа сонува и за нешто многу поголемо. Сонува да стане менаџер на "Луна" затоа што е восхитена од сите работи кои се случуваат таму, од фустаните, цртежите, планирањето итн. И токму тој сон еден ден станува стварност за неа. Менаџерката на модната империја, Фатма, се наоѓа во тешка ситуација во животот и е подготвена да остави сѐ зад себе и да замине далеку, па бара помош од Марал одреден период да ја замени на работното место.

Мирот за Фатма е Кападокија, а стресот за убавата Марал ќе биде "Луна". Соништата станаа јаве, но јавето некогаш може да биде многу посурово од што може да го замисли младата девојка. За неа следуваат многу предизвици и сопки на патот до успехот, а во прашање ќе биде доведена и нејзината љубов кон Сарп. Дали љубовта ќе стане посилна од сѐ, или амбицијата ќе доведе до радикални промени во ставовите на убавата Марал?

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 41 / 41