Балканска приказна (2022)

Таму рано сонце изгрева, таму сонце касно заоѓа. Кај што сѐ на среќа мириса, мириса на Македонија. Таму Шара небо искина, таму Вардар земја милува. Денот таму со песна почнува, таму збор е вреден како грош, таму нема човек лош. Таму љубов сказна пишува, со полни гради сѐ се дишува. Со солзи мајка чеда очекува, таму песна болка лекува. И што да се каже, малку е. Срце в гради секому ќе распукне штом Тоше Зајди Зајди запее. И токму таму, среде Скопје каде што Вардар врви од извора дур до Солуна, токму таму во срцето на Македонија се раѓа балканска приказна која ќе ги спои сите генерации, ќе ги прикаже сите убавини и ќе извезе една прекрасна, балканска песна. Токму таму, Камениот мост ќе спои две срца и две традиции, а на плоштадот Македонија ќе се роди љубов меѓу двајца млади, кои гордо наглас ќе запеат Бисер балкански.

Тој е Ертан, млад Турчин чие семејство живее во Скопје. По неколку години студии во Истанбул, се враќа во родната Макеоднија кај своето семејство, кое очекува од него како млад архитект да изгради џамија. Но, тој тие години во земјата крај Босфорот ги минал учејќи за радио програмер, а не за она за кое сонува неговото традиционално семејство. Во родното Скопје, тој ја запознава убавата Јованка, Македонка која исто така студирала радио и телевизија и која сонува еден ден да се вработи во таа сфера. Љубовта меѓу Ертан и Јованка ќе донесе многу хумор, но и ќе наиде на големи препреку меѓу нивните фамилии. Семејството на Јованка има предрасуди кон турската заедница во земјата и сонува за поинаков живот за нивната ќерка, додека пак семејството на Ертан негува стари турски обичаи и мечтае за нешто сосема друго за нивниот Ертан. Ќе може ли ова турско семејство да прифати македонска невеста, а другите да го прифатат Ертан за македонски зет? Две различни култури ќе соединат две чисти срца во една хармонична и урнебесна балканска приказна.

Улоги : Merih Ozturk (Јованка), Emre Bey (Ертан), Erdal Ozyagcilar (Сулејман), Ozlem Turkad (Нериман), Suzan Akbelge (Елена)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 71 / 71