Дамата со марамата (Крадец на срца) (2010)

Мурат е млад и успешен музичар, кој по неколку години поминати во странство, се враќа во Истанбул каде се родил и пораснал. Тој е прочуен во музичкиот свет, затоа што компонира музика за најпознатите турски ѕвезди. Еден ден додека го разгледува градот со својот пријател Левент, застануваат на една улична свадба и тогаш ја запознава младата и

 

убава Хасрет, која пее на улицата. Таа е сиромашна девојка со слободен дух, без влакна на јазикот, која пораснала во едно циганско маало во мала куќичка заедно со татко и Бурхан, браќата Кадир и Озгур и сестрата Ѓулназ. Хасрет е девојка која нема срам од никого, а заработува така што продава цвеќиња на улица и пее во еден бенд. Мурат го препознава талентот во нејзиниот глас и се обложува со другарот дека од младата цвеќарка ќе направи вистинска дама и дива во светот на музиката. Овој облог нема да го промени само нејзиниот, туку и неговиот живот. Со цел да го спаси семејството од сиромаштија и нечесни работи, таа ќе го прифати предлогот на Мурат и ќе се пресели во големата куќа. Во куќата, гостинката не е добредојдена од страна на мајката на Мурат, госпоѓата Несрин која не може да прифати дека една бедна девојка ќе живее во нејзиниот луксузен дом и ќе влезе во богатите кругови. И покрај тоа, Хасрет ќе остане да живее во куќата и постепено да учи како треба да се однесува и облекува убаво, да јаде културно и да пее правилно, а додека поминува низ тој процес, Мурат ќе ја запознае другата страна на Турција, а тоа се сиромашните но ведри, весели и спонтани луѓе. Додекa учат еден од друг, двајцата ја откриваат љубовта која се родила и која само од ден на ден расте се' повеќе и повеќе. 

 

 

 

Текстот е превземен од: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 84 / 84