Мајки и ќерки

Ѓулизар живее со својот сопруг Ферман и двете деца во едно мало и конзервативно гратче. Иако тие не се богати, сепак живеат среќно во својот дом. За да најде подобра работа и да овозможи подобро школување за своите деца, Ферман инсистира да се преселат во Истанбул. И додека трае свадбата на неговата сестра, тој добива информација дека неговата апликација за работа во големиот град е прифатена. За време на таа свадба, како што налагаат обичаите, славениците пукаат со пиштоли од среќа, но тогаш еден куршум залетува во Ферман и тој умира. Ѓулизар е скршена од болка, а свекорот бара Ѓулизар да се ожени со братот на Ферман како што вели традицијата. За да побегне од обичаите и злобниот свекор, Ѓулизар бега во Истанбул со двете деца. Од друга страна, ја гледаме и приказната за уште една мајка, Дефне. Дефне живее според модерни сфаќања во Истанбул заедно со нејзината ќерка и сопругот. И нејзината судбина се менува на денот на една прослава. На денот кога слават роденден за малечката ќерка, сопругот умира во сообраќајна несреќа, па нејзиниот свекор ќе сака да и ја одземе ќеркичката Јагмур. Две жени со иста судбина, две мајки со ист проблем, како да ги зачуваат своите деца и како да им обезбедат светла иднина. Во име на љубовта кон децата, двете мајки ќе ја жртвуваат традицијата, а животот ќе ги запознае меѓусебно Ѓулизар и Дефне за да може заедно да се изборат за својата среќа. 

Сезони 1 / 1
Епизоди 23 / 23