Забранета љубов (2021)

Давут е сиромашен рудар, кој живее со родителите, браќата и сестрата. Работи во рудникот за јаглен заедно со неговиот татко и неговите браќа. Но, една трагедија во рудникот ги менува животите на ова семејство. Поради обилните дождови кои паѓаат на таа земја, работниците предупредуваат дека треба да се стопира со работа, но моќниот и безмилосен господин Малик, сопственик на рудникот, не сака ни да чуе за такво нешто. Затоа тој наредува да се затвори портата на рудникот и никој да не може да излезе од таму додека не сработи. Токму тогаш, се случува голема трагедија во рудникот, умираат деветмина рудари, меѓу кои и таткото на Давут. Младото момче е бесно и гневно, знаејќи дека сето тоа е последица на тиранијата на Малик, кој ги експлоатира луѓето за свои потреби. Давут е решен по секоја цена да ја одмазди смртта на татка си и да се спротистави на неправдите кои се случуваат на тоа парче земја.

Но, токму тогаш тој ја запознава Ѓулфем, една од ќерките на господинот Малик. Убава, храбра и тврдоглава, таа од почеток не може да го поднесе овој човек, сметајќи го за дрзок, непослушен и груб. Растела во раскош и богатство на имотот на нејзиниот татко, несвесна за неговиот однос кон сиромашните селани. Но, со текот на времето таа почнува да ја разбира борбата за права и правда на Давут, а тој постепено почнува да се вљубува во неа. Но, оваа љубов е секако забранета. Нејзиниот татко не сака да дозволи љубов на неговата ќерка со човекот кој му посакува убиство и кој е закана за неговото владеење во таа земја без закони. Земја каде крвта допрва ќе се пролева, а каде забранетата љубов е единствено нешто кое може да ја сопре таа крв.

Улоги : Ugur Gunes (Давут), Esra Bilgic (Ѓулфем), Necip Memil (Али), Murat Daltapan (Малик)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 39 / 39