Писмо за збогум (2023)

Асли е весела млада девојка која оди во средно училиште, но за разлика од нејзината постара сестра Бесте, таа не дозволува да биде контролирана од нивната мајка. Таа е бунтовна и сака сама да носи одлуки па затоа и наликува на нејзината мајка Аланур. Аланур е многу доминантна и модерна, жена со челично срце, порасната во богато семејство, а сега работи како менаџер на уметничко студио. Таа сака да им обезбеди среќен живот на своите ќерки за тие да станат силни и независни. Но, понекогаш, презема и некои драстични акции.

Животот на Аланур се променил откако нејзиниот сакан ја напуштил, оставајќи ѝ проштално писмо. Од тој момент, станува ладна, разочарана и согласна на бракот што го испланирал нејзиниот татко и да живее во брак без љубов и страст. Но, сега, години подоцна, Аланур повторно го среќава Зија, нејзината прва и голема љубов. Од чиста случајност, нејзината ќерка Асли се вљубува во Мехмет, синот на Зија. Зија е сега во брак со Сехер и има три деца, Мехмет, Селџук и Мине. И покрај тоа што никогаш не ја заборавил Аланур, Зија дава сè од себе за да биде добар татко и добар сопруг. Но, неговата сопруга Сехер никогаш не успеала да го освои неговото срце, па затоа во тој брак, таа секогаш се борела со сенката на друга жена.

И сега, работите ќе се заплеткатаат меѓу двете семејства. Аланур не ја одобрува врската помеѓу нејзината ќерка и синот на Зија со цел да ја заштити. Сè што е оставено недовршено пред години, овојпат станува пречка за љубовта на Асли и Мехмет. Двајцата млади ќе мора да се борат против сите за да ја остварат својата забранета љубов, а Сехер ќе даде сè од себе за да ја унесреќи идната снаа.

Но, прошталното писмо од пред многу години е клучот да се стави крај на тајните, сомнежите и минатото. Токму тоа проштално писмо ќе ги промени работите и ќе ги излечи ранетите срца кои по грешка, го вкусиле забранетото јаболко.

Улоги : Nurgül Yeşilçay (Аланур), Selim Bayraktar (Зија), Rabia Soytürk (Асли), Emre Kıvılcım (Мехмет), Bennu Yıldırımlar (Сехер.

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 30 / 30