Долина на Волците (2007)

Полат Алемдар ќе се соочи со најопасниот противник, странскиот платеник Искендер Бујук. Ангажиран од ЦИА, Искендер има за цел да одреди мети за напад во Истанбул и да регрутира нови терористи. Како негов конкрент, освен Полат ќе се јави и локалниот мафијаш Муро со неговиот верен помошник Четин. Полат ќе стане дел од државната тајна служба и со неговите верни другари, Мемати, Абдулхеј и Ерхан ќе има за цел да ги спречи нападите на Искендер.

За да го заштити семејството, Полат ќе ги пресели на друга локација. Како прва мета на Искендер е сопственикот на Татароглу компанијата за извод на стока во странство. Неговата ќерка Аху ја превзема фирмата и го ангажира Полат за нејзин телохранител.

Иако, не успева во намерата да ја заштити, Полат ги открива сите тајни на компанијата и како Давут Татароглу ја користи фирмата за перење на пари и шверц на дрога и стока без акцизи и плаќање на данок. Искнедер ќе најде и сојузник во ќерката на Давут, Инџи која ќе му се придружи откако нејзиниот татко ќе одбие да ја заштити од сопругот Кемал и да и го врати киднапираниот син. Давут има непријател и во синот Фуат кому единствена цел му е да се здружи со управителот на компанијата Булут и да го тргне татко му од фирмата.

Во борбата против терористите, Полат и другарите ќе станат жртви и на доушници и ќе избегнат многу заседи. За да му го привлече вниманието на Полат, Искендер го грабнува неговиот другар Мемати и го навлекува на дрога за да може да го натера да премине на негова страна. Најголемата помош, Полат ќе ја добие со Несрин Чакр, која се враќа во Истанбул за да му помогне.

 

 

Улоги: Necati Şaşmaz (Полат), Kenan Çoban (Абдулај), Ayşe Çiğdem Batur (Лејла), Erhan Ufak (Ѓулу), Hakan Boyav (Кара), Cahit Kayaoğlu (Чахит), Gürkan Uygun (Мемати), Erdem Ergüney (Дели Икмет)​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 9 / 9
Епизоди 152 / 152