Свекрви и снаа (2017)

Бела е убава и образована девојка која доаѓа од богато шпанско семејство. Својот принц од соништата го запознала уште за време на универзитетските студии, па по неколку години врска, Хазар ѝ предложува брак и Бела со задоволство прифаќа, и покрај негодувањата на нејзиното семејство. Бела е вљубена во Хазар и решена да го помине животот со него, па затоа и двајцата заминуваат за Адана каде живее Хазар и неговото семејство Бозок. Иако нашата хероина е желна да ја доживее животната авантура во езготичниот дел на Адана, сепак кога стигнува таму, ја чека вистински шок.

Ништо не е како што очекуваше младата невеста. Многубројното семејство на Хазар е против нивниот брак и не ѝ посакува срдечно добредојде на Бела, затоа што тие во име на долгот и традицијата, планирале невеста за Хазар ага која доаѓа од друго племе. Воедно, и жените во племето Бозок се непријатно изненадени од модерниот изглед на нивната нова снаа. Во секој случај, решаваат да организираат свадбена церемонија по сите адети на селото и на тој начин Бела да стане новата невеста во племенското семејство Бозокови. Но, по свадбата, Бела сфаќа дека нејзиното место во семејството е на последно место во хиерархијата. Таа ќе мора да се однесува како слугинка, да ги почитува постарите, да ги извршува домашните задачи и да им служи на сите. И покрај нејзиниот модерен изглед и западноевропски сфаќања, сепак Бела ќе прави сѐ за да ја добие наклонетоста и довербата кај роднините на сопругот.

Многу роднини, многу проблеми. Многу луѓе во конакот, многу неволји на повидок. Сите со свои барања, сите со чудни желби, сите специфични на свој начин. Нема да биде лесно за новата невеста да се вклопи во една таква чудна околина со традиционална култура. Особено работите ќе се комплицираат кога во конакот доаѓа семејството на Бела од Мадрид. Ќе имаат ли Бела и Хазар среќен брак покрај сите препреки? Новиот дом ќе донесе и многу нови комични ситуации за невестата која ќе мора да го најде своето место под сонцето.

 

Улоги : Jessica May (Бела), Tolga Mendi (Хазар), Mustafa Avkıran (Календер Ага), Dağhan Külegeç (Каѓан), и др.​

 

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

Сезони 1 / 1
Епизоди 181 / 181