Трите сестри (2022)

Во едно мало место крај Егејскиот брег, започнува приказната за трите сестри. Срдечна и топла како што е и нивниот живот, како што е и нивното воспитување и безгрижните мигови минати по уличките во родниот крај, меѓу пријателите и соседите. Емотивна приказна за Туркан, Донуш и Дерја, три млади девојки, три бели бисери кои живеат среќно со својата мајка Несрин и таткото Садик. Но, времето секогаш пишува своја историја, па така и годините кои доаѓаат носат ветришта кои засекогаш ќе ги променат судбините на овие сестри. Деновите кога трите сестри ги споделуваа своите радости, својата среќа и младешки тајни се чини дека завршуваат. И ништо повеќе нема да може да ги врати тие дни.

Богатото семејство Корман ја бара раката на Туркан за нивниот син Сомер. Родителите прифаќаат, Туркан се мажи и заминува во замокот на Корманови, каде набрзо ќе сфати дека сонот кој го сонуваше одеднаш ќе стане вистински кошмар. Сомер бил приморан да се ожени со неа по барање на неговото семејство, иако и во бракот продолжува да се гледа со Мине, девојката во која е вљубен. Тој не ја сака својата нова сопруга и не може да го прифати тоа што му е наметнато, а таа... невината Туркан ќе се соочи со болната вистина која воопшто не е лесна. Нејзината свекрва по секоја цена ќе реши да го одржи тој брак и за сите случувања, ќе ја обвинува Туркан, а презирот ќе стане мачен и неиздржлив за младата невеста. Таа ќе мора да ги промени нештата и само така да се избори за својата среќа. Среќата која ја имаше во својата родна куќа, со своите родители и саканите сестри. Но, тајната која долго време ја криеле родителите на трите сестри е на чекор да биде откриена. Сенките од минатото носат неочекувани пресврти во кои сестрите ќе бидат ставени пред нови искушенија и нови разочарувања.

Улоги : İclal Aydın (Несрин), Reha Özcan (Садик), Özgü Kaya (Туркан), Almila Ada (Донуш), Melisa Berberoğlu (Дерја)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 233 / 233