Ифет (2011)

"Ифет" е трогателна серија за Ифет и нејзиниот живот. Дениз Чакир, познатата Ферхунде од "Кога лисјата паѓаат" ја толкува улогата на Ифет, што во превод значи чиста, невина. Серијата е адаптација на филм на Мурат Ар.

Содржина:

Ифет е млада и убава невина девојка која живее во сиромашен кварт со нејзиниот татко Ахмет и со нејзината сестра. Нејзиниот татко е многу злобен и груб кон Ифет. Не и дозволува да излегува често надвор, да зборува со момчиња, да облекува модерна облека и слично. Но и покрај строгите правила на татко и, Ифет тајно се состанува со своето момче Џемил. Џемил е млад и згоден такси возач кој многу ја сака Ифет и цело време сака да биде со неа, меѓутоа не размислува за свадба и чување деца оправдувајќи се дека нема пари. Tој има поголеми планови отколку да се ожени со Ифет – сонува да биде богат, да го напушти сиромашниот кварт и да живее раскошен живот на друго место. Но ќе се случи Ифет да биде повредена и напуштена, а потоа одеднаш на врвот на играта, богата, со целиот свет на нејзината дланка.

Еден ден менува се. Во квартот има свадба и сите се поканети на прославата. Додека Ахмет е со пријателите, Ифет и Џемил успеваат да побегнат од свадбата и да одат во шумата мирно да разговараат. Но таму Џемил ја губи контролата и ја силува невината Ифет. Оваа трагедија го менува животот на сите. Ифет остнаува бремена, се обидува да му прости на Џемил и е спремна да се омажи за него што е можно побрзо. Но ништо не се случува според желбите на Ифет. Џемил безмилосно ја напушта Ифет и за пари се жени со друга жена. Во меѓувреме, Ахмет дознава за врската на Џемил и ќерка му, ќе ја претепа Ифет и таа го губи детето. Сега Ифет е оставена сама на себеси, започнува да работи во куќата на богатиот Али Ихсан кој се вљубува во неа и и предлага брак. Но она што Ифет не може да го заборави е големата љубов кон Џемил со кого судбината повторно ја соединува.

Улоги: Deniz Çakır (Ифет), İbrahim Çelikkol (Џемил), Меhmet Celik (Ахмет), Zuhal Olcay (Ајше),

Melike Güner (Бетул), Mahir Günşiray (Aли Иксан), Esra İşgüzar (Нимет), Asu Maralman (Фериде)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 94 / 94