Пингвините од Мадагаскар (2008)

Во серијата настапуваат пингвините од филмот Мадагаскар, а главниот лик е:

Капетанот, кој ја предводи пингвинската војска, воедно им помага на своите војници да се подготват што подобро за задачите кои им претстојат и за него не постојат нерешливи проблеми.

Ковалски е најумниот, тој постојано измислува изуми кои и помагаат на војската совршено да функционира во сите воени задачи и вежби.

Војникот е најмлад, најемотивен, но и најслаб по чин во четата, кого сите ликови го исмејуваат.

Рико е тотално откачен и непредвидлив, кој многу сака да ги разнесува работите во воздух, а негови омилени звуци се звуци на бомба.

Ова се четирите главни лика од њујоршката зоолошка градина кои се обучени

за специјални боречки, а и други вештини, со чија помош одржуваат ред во градината.

Најголем непријател им е откачениот мајмун Џулијан- самопрогласен крал од неговиот род, а негови потчинети мајмуни му се Морис и Морт, кои сакаат само да се глупираат и не почитуваат никакви правила.

Џулијан е спореден лик кој секогаш им се потсмева на пингвините и секогаш сака да се жали на нивна сметка..

Алис е чуварка на зоолошката градина која ги мрази пингвините и не ја сака својата работа...

Серијата е работена во извонредна компјутерска анимација, изобилува со многу гестикулации и вербален хумор, а сите ликови се неодоливо слатки, шармантни и смешни.

Жанр
Сезони 1 / 1
Епизоди 62 / 62