Велвет (2014)

Дејствието на оваа несекојдневна шпанска серија е сместено во 50-тите години на минатиот век кога бранот на висока мода го “напаѓа“ Мадрид. Приказната се врти околу фамилијата Маркез, сопствениците на галеријата Велвет, најголемата модна куќа во Мадрид. Дон Рафаел Маркез е главата на фамилијата и е женет со Глорија, а од првиот брак го има синот Алберто. Глорија ја има ќерката Патрисија, исто од првиот брак.

Ана е млада девојка која останува сирак како девојче и доаѓа да живее кај својот вујко Емилио кој работи во стоковната куќа. Тука Ана го запознава Алберто и се раѓа голема детска љубов. Кога ќе станат полнолетни, Алберто и Ана одлучуваат да побегнат и да се венчаат, но дон Рафаел ги спречува намерите на својот син единец и го испраќа на студии во Лондон.

Години подоцна, Ана работи како кројачка во модната куќа. Со годините, израснала во преубава млада дама. Враќањето на Алберто во Мадирд ќе ги разбуди старите чувства кај двајцата и одлучуваат овој пат да се борат за својата љубов до крај.

Стоковната куќа е пред банкрот и единствен начин да опстане е ако Алберто се ожени со Кристина, ќерка на моќниот банкар кој може да ја извади стоковната од криза. Ана е подготвена да ја жртвува својата љубов, но не и Алберто. Тој ја присилува да побегнат заедно и да се венчаат како што планирале пред многу години. Ана одбива, сметајки дека Алберто не ја сака вистински, но кога во собата на својот вујко Емилио ќе ги најде сите писма кои ѝ ги пишал Алберто додека бил во Лондон, писма кои никогаш не ѝ биле врачени, одлучува да го следи срцето и да побегне со саканиот. Но, таа кобна вечер на бегство доаѓа во голема трагедија во стоковната куќа која ќе ги спречи вљубените во својата намера.

 

Улоги; Paula Echevarría (7 Vidas), Miguel Ángel Silvestre (Sin Tetas no hay Paraiso), Natalia Millán (El Internado), Aitana Sánchez-Gijón (A Walk in the Clouds), Marta Hazas (Bandolera), Maxi Iglesias (Fisica o Quimica), Amaia Salamanca (Gran Hotel) и др.​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 34 / 34