Напуштени (2017)

Се запознаваме со едно семејство кое живее во едно од најсиромашните маала во Истанбул. Мајката ги напуштила своите шест деца и сопругот, па нејзината улога во домот ја превзела најстарата ќерка Филиз, која научила како е да се биде сиромашна, но исто време и силна и како да се надминат сите препреки што им ги поставува животот. Девојката од срце и со душа се грижи за своите пет браќа и сестри, секој од нив различен, секој од нив со своја мака и свои потреби. Особена потешкотија за Филиз е и справвањето со нејзиниот татко Фикри, хроничен алкохоличар кој често запаѓа во проблеми.

Но, еден ден, во животот на младата Филиз се појавува Бариш, младо момче кое ќе стори сé за да го освои срцето на Филиз и да стане дел од семејството. Бариш се вљубува во Филиз и прави сé што може за да го привлече нејзиното внимание. Но, после сите животни предизвици и потешкотии, девојката не верува дека во нејзиното срце има место за љубов, па ќе мора да ги потиснува чувствата кои ги развива кон Бариш. Но, тука е и полицаецот Џенгиз, кој со години е заљубен и заштитнички поставен кон Филиз. Полицаецот ќе почне да открива детали од мистериозното минато на Бариш кои ќе реши да ги искористи со цел да го оддалечи од Филиз. Но, за Филиз и понатака следуваат тешки времиња во животната борба за своето семејство. Братчињата и сестричката зависат од неа, а нивната среќа е приоритет за Филиз. Сите тие мора подеднакво да се нахранат, да се исперат, да се избањаат... па дури подеднакво и да се насмеат за на момент да заборават дека биле напуштени.

Улоги : Hazal Kaya (Филиз), Burak Deniz (Бариш), Reha Özcan (Фикри), Alp Akar (Фико), Ömer Sevgi (Исмо), Nejat Uygur (Хикмет) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 61 / 61