Мирис на јагода

Асли е млада, убава, но и неспретна девојка. Работи во слаткарница правејќи превкусни торти, а една сосема случајна средба со богатиот и разгален Бурак ќе го промени нејзиниот живот. Пред неа ќе се испречи Бурак со автомобилот, па така на Асли ќе ѝ падне тортата на сред улица, а која ја подготвила за достава на важни клиенти. Поради таа несреќа, шефот ја отпушта од работа, а за Асли не постои друг избор освен да бара нова работа. Така, со другарка ѝ Гонџа доаѓаат во Бодрум, каде се вработуваат во еден хотел. Нивниот навидум мирен живот ќе се разбранува во само еден миг. Нема ни да помислат дека тоа лето ќе им го промени животот.
По игра на случајноста, хотелот е во сопственост на Бурак, дечкото поради кого ја изгуби работата како слаткарка.
И сега, двајцата соочени еден покрај друг, нема повеќе каде да бегаат. Интересни и комични ситуации ќе вродат со нивна љубов, која станува слатка и вистинска. Но, социјалните разлики на нивните семејства е пречката поради која двајцата млади ќе мора да се борат за нивната среќа, а тука се и бивашата девојка на Бурак и неговиот братучед Волкан кои нема да се помират со врската на Асли и Бурак.
Велат дека во животот ништо не се случува без причина... Случајности постојат, но не и во љубовта. Од судбината не се бега, а од љубовта уште помалку. Ќе успее ли Асли да го скроти Бурак? Дефинитивно, за Асли и Бурак ова ќе биде незаборавно лето со неодолив мирис на јагода.

Улоги : Demet Özdemir (Асли), Yusuf Çim (Бурак), Mine Tugay (Елџин), Mahir Günşiray (Нихат), Murat Başoğlu (Синан)​

Текстот е превземан од: www.tvpaket.com.mk 

 

 

 

 

 

Сезони 1 / 1
Епизоди 55 / 55