Тажна жена (2017)

Во тешки моменти од својот живот, младата Бахар го запознала Сарп. Двајцата се засакале и се венчале. Живеле скромно и среќно со две дечиња, сѐ до моментот на кобната несреќа. Несреќата во која умрел нејзиниот маж, а таа останала без време за тага. Виорот на судбината ѝ наложил од сега да се посвети само на своите деца, за кои е подготвена и животот да го даде. Секој ден за оваа тажна жена е нова борба со животот, нова борба со општеството и нова борба со самата себеси за да им обезбеди удобни и убави услови за живот на слатката Нисан и малечкиот Дорук. А тие две души... кревки и невини, секојдневно ќе бараат од својата мајка одговор за тоа Каде е нивниот татко? А мајката нема да бира средства за да го направи нивниот живот посреќен и побезгрижен, но и да ги одговори сите прашања, онака како што само една мајка знае.

Понекогаш таа мора да работи и две работи, но и тоа не помага за да се подобри нејзината финансиска состојба. Откако е избркана од станот поради неможност да ја плати ќиријата, Бахар е приморана со двете дечиња да се пресели во едно друго маало. Решава да побара помош за самохрани мајки од Социјалното, кои од своја страна, пак, ја контактираат Хатиџе, мајката на Бахар, која е подготвена да ѝ помогне на ќерка си. Но, Бахар нема лесно да ја прифати помошта на мајка си, затоа што таа ја напуштила пред 20 години, и затоа морала сама да расте без никаква мајчинска љубов и поткрепа. Гневот станува посилен кога дознава дека нејзината мајка е виновна за смртта на Сарп, но минатото на нејзината мајка и иднината на нејзините деца ќе ја натераат да ѝ прости. Да ѝ прости само затоа што и таа е една... тажна жена.

 

Улоги : Özge Özpirinçci, Caner Cindoruk, Bennu Yildirimlar, Seray Kaya, Ayça Erturan, Ece Ozdikici​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 187 / 187