Бурни Времиња (2010)

Дејството на серијата е сместено во шеесетите години на минатиот век и зборува за животот на господинот Али и неговото семејство. Али е капетан на брод кој голем дел од времето го поминува далеку од семејството. Во меѓувреме неговата жена Џемиле се грижи за нивните четири деца Берин, Ајлин, Мете и Осман. Таа ја превзема улогата и на мајка и на татко додека нејзиниот маж е на патувања. Берин е студентка на правниот факултет, Мете и Ајлин се средношколци, а Осман е најмалото синче. Еден ден Али конечно се враќа дома и сите се среќни, но не знаат дека Али нешто крие. Нешто е необично во неговото однесување, а Џемиле наоѓа едно писмо во џебот на Али. Писмото ќе ја открие тајната на Али, тој имал афера со некоја непозната жена на патувањето. Бурата од настани се случува со доаѓањето на младата и убава холанѓанка Каролин во која Али се вљубил за време на патувањето. Бракот на Али и Џемиле се распаѓа, нивната куќа ја превзема Каролин, а малиот Осман е сведок на целата бура што се случува пред неговите очи.

Улоги: Erkan Petekkaya, Ayça Bingöl, Yıldız Çağrı Atiksoy, Farah Zeynep Abdullah, Aras Bulut İynemli, Meral Çetinkaya, Emir Berke Zincidi, Wilma Elles​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 4 / 4
Епизоди 127 / 127