Диви Јагоди (2008)

Ајла била родена во мало и убаво село, но како мала ги загубила своите родители, па затоа ја одгледале нејзината мила баба и и чичкото со кого и не се согласува многу добро. Затоа од чичкото била тепана и сосема сама испратена во Истанбул во интернат. Заминала со воз накај Истанбул, но не само што ја оставила баба и зад себе, туку и првата љубов Суат. Во Истанбул годините поминувале, Ајла се омажила за Сертаџ и ја добила ќеркичката Ејда. Нејзиниот среќен брак и живот се рушат кога дознава дека сопругот ја изневерува со млада девојка. За неа никогаш повеќе ништо нема да се врати по старо.

Затоа решава да си замине од големиот град и да се врати во своето село, кое го напушти одамна. Таму ќе мора да се соочи со својот лош чичко и братучедите, но ќе се жртвува само заради ќерката. Во тоа селце, Ајла започнува сосема нов живот, далеку од сопругот. Целата љубов и ја пружа на ќерката, а таму го среќава и Суат, нејзината прва љубов. За Ајла животот ќе биде тежок. Нејзината ќерка ја обвинува неа затоа што го нема повеќе татко и покрај нив, а тука се и конзервативните сфаќања кон жената која го напуштила сопругот. Во селото се враќа и Сертаџ кој сака да си ја поврати жената, но срцето на Ајла сега му припаѓа на Суат.

Улоги: Özge Özberk (Ајла), Polat Bilgin (Суат), Sinan Tuzcu (Сертаџ), Melis Mutluç (Ејлул)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 94 / 94