Неверство (2020)

Асија e млада жена со успешна кариера како доктор и со навидум совршен живот покрај нејзиниот сопруг Волкан и нивниот син тинејџер Али. Волкан e архитект, внимателен и грижлив сопруг и татко, но зад улогата на сопруг, крие една голема тајна. Асија му верува со сето свое срце, верува дека е совршен човек, сопруг и татко на нивното дете, но целата нејзина среќа се руши во мигот кога дознава дека тој ја изневерува.

Истрагата ја започнува сама, свесна за тоа што може да го открие, но храбра и силна, сакајќи да си ги докаже сопствените стравови. Таа открива дека Волкан има афера со една млада жена, Дерин. Уште полошо, таа дознава дека сите нивни пријатели и луѓето околу неа знаеле за оваа врска, но никој никогаш не ѝ кажал. Згора на овие повеќекратни предавства, Асија дознава дека бизнисот на Волкан ѝ влече големи пари од нејзиното наследство и го остава семејството со огромни долгови.

Taa станува свесна дека е изневерена не само од сопругот, туку и од нејзините пријатели. Но, овојпат таа не сака и нема да стане жртва, затоа што одмаздата на таа изневерена жена ќе биде посилна од било што друго. Одмазда кон сите оние кои ја предадоа, одмазда кон човекот што се колне дека ја сака и пријателите кои свесно ја гледаа во очи и бесрамно ја лажеа.

Улоги : Cansu Dere (Асја), Caner Cindoruk (Волкан), Melis Sezen (Дерин)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 125 / 125