Малите сонца (2022)

Хакан и Елиф се во брак, млади и среќни, но единственото нешто што им недостасува во животот е дете. По неколку неуспешни медицински третмани за да забремени, Елиф доаѓа на идеја да посвојат бебе. Но, еден ден, на едно од неговите бизнис патувања, Хакан ќе доживее сообраќајна несреќа и ќе умре, а покрај неговото тело пронајдено е едно мало девојче. Според документите, полицијата утврдува дека девојчето е ќерка на Хакан и Елиф. Елиф никогаш немала деца, па за неа е ова шок и не може да сфати што криел Хакан од неа и зошто девојчето е регистрирано како нивна ќерка. Згора на тоа, младата девојка дознава дека нејзиниот сопруг бил до гуша во долгови кон банките. Одеднаш за неа се руши целиот свет, а сета хармонија се претвора во разочарувања и проблеми. Нејзиниот сопруг водел двоен живот за кој таа никогаш дури не се ни посомневала.

Во компанијата во која работел нејзиниот маж, Елиф го запознава сопственикот Фират, згоден и храбар бизнисмен. Фират сфаќа дека малото девојче е всушност негова внука, ќерка на неговата сестра Дила и Хакан. Дила била љубовница на Хакан, забременила, но никогаш не можела и не сакала да прифати дека тоа дете е нејзино. Затоа и Хакан се грижел за детето, а и сега Дила се соочува со психички проблеми и прифаќање на идејата дека е мајка. Во меѓувреме, Елиф е таа која ќе се грижи за малата Ѓунеш, а во тоа ќе и помага Фират. Малото сонце не само што ќе ги разубави нивните животи, туку ќе успее и да ги спои несреќните срца и да им даде надеж за повторно да сакаат, повторно да уживаат и повторно да се среќни.

 

Улоги : Seray Kaya (Елиф), Berk Oktay (Фират), Tuğçe Açıkgöz (Дила), Azra Aksu (Ѓунеш), Esra Dermancıoğlu (Умран)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 92 / 92