Повторно родени (2018)

Кога ќе се преполни чашата на судбината и кога патот по кој тие тргнале, ќе ги натера да се вратат назад, да погледнат во себе, да се погледнат меѓу себе како маченици со стотици лузни, длабоки и видливи само за нив… тогаш започнува соочувањето со сè и со сите оние кои ја предизвикале нивната судбина. Тогаш завршува безизлезот и тогаш се раѓа пркосот.

 

Кадир Адали е полициски комесар, кој ги загубил своите жена и ќерка во еден терористички напад. Се чувствува виновен за тоа и страда, па затоа решава да изврши самоубиство. Додека се обидува да му стави крај на сопствениот живот во сообраќајка, Кадир несакајќи го менува својот, но и животот на други луѓе. 4 автомобили, 4 луѓе вклучени во една сообраќајка, една темна ноќ. 4 животи кои таа темна ноќ ќе се променат засекогаш. Животите на Кадир, Зејнеп, Керем и Џемре.

Зејнеп е успешна банкарка и пријателка на Кадир од детските денови минати во сиропиталиштето, а сега двајцата се вљубуваат еден во друг. Кадир е оној кој ќе помогне на Зејнеп да си ја врати ќеркичката Авлин и со тоа уште повеќе да ја зближи кон себе. Oд друга страна, ги пратиме и другите двајца учесници во несреќата - адвокатката на Зејнеп, Џемре и младиот Керем, кој за да заработи пари, се насочил кон кражби и измами, а сега влегува во нова неволја која го зближува со Џемре. И така ...по несреќата, судбината никогаш нема да ги скрши овие луѓе, затоа што тогаш не се судрија само колите, туку се споија нивните животи. Животите на овие четворица, млади луѓе.

Улоги : Киванч Татлитуг (Кадир), Елчин Сангу (Зејнеп), Онур Сајлак (Вели), Мелиса Асли Памук (Џемре), Алперен Дујмаз (Керем) ...​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 40 / 40