Затвореник (2021)

Фират Булут е главен обвинител во истанбулскиот суд. Тој има сè во животот : големо искуство, прекрасно семејство и почит од неговите колеги и пријатели. Но, еден ден Фират се буди и се наоѓа во затвор, обвинет за убиството на неговата сопруга Зејнеп и ќерката Назли. Последното нешто што се сеќава е дека го славеле роденденот на својата ќерка пред пет месеци - но оттогаш до денот кога се буди, сè во умот му е празно. Без сеќавање и без пријатели да му помогнат, Фират мора да се обиде да го реши убиството на неговото семејство од внатрешноста на затворската ќелија. Неговата единствена трага можеби доаѓа од последниот случај на кој работел пред да изгуби сè одненадеж.

Тој случај е поврзан со Бариш и Саваш Јешари, двајца близнаци и синови на моќен бизнисмен. Саваш е сериозен семеен човек, а Бариш сосема спротивен, тој е чудак и ладнокрвен убиец кој е љубоморен на тоа што татко им го назначува Саваш за претседател на холдингот. Откако една ноќ ќе убие една девојка, Бариш го убива и неговиот брат Саваш, така што го фрла од зграда и потоа го превзема неговиот идентитет со цел да се спаси од затвор. Фират успеал да дознае за оваа измама и од тогаш неговиот живот не е воопшто ист како што бил дотогаш.

Следува заплеткана битка за откривање на вистината. Битка во која ништо не е јасно и каде трагите се заплеткуваат во мрежа од лаги. Јазолот е тешко да се отплетка, но за да си го поврати сеќавањето и да сфати што се случило, Фират ќе мора да помине долга и напната авантура во потрага по правдата.

Улоги : Onur Tuna (Фират), İsmail Hacıoğlu (Бариш), Melike İpek Yalova (Буге), Seray Kaya (Џемре)

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 78 / 78