Љубов и се е можно (2021)

Семејството на убавата Есра отсекогаш имало финансиски потешкотии, а за да не ѝ се повтори и на неа истото во иднина, таа посакува да се омажи за човек кој би имал постојана и стабилна работа. Таков е Озан, инженерски гениј кој живее во истата населба во која живее и Есра. Двајцата се венчаат и почнуваат да имаат удобен и стабилен живот сè до денот кога Озан ќе ја напушти својата работа за да би развил нов софтвер и со тоа да ги оствари своите соништа и да основа своја компанија. Но, тоа ќе донесе низа проблеми во нивниот брак. Од ден на ден, пари има сè помалку, а Есра е таа која го носи целиот финансиски товар, работи на различни работни места и се бори да ги одржи во живот и двајцата. Фрустрацијата и исцрпеноста ја принудуваат да се разведе на што дополнително ќе влијае и спонтаниот абортус што ќе го има.

По разводот, Есра се враќа во куќата на нејзините родители и почнува да работи како келнерка, крпејќи крај со крај. Озан, од друга страна, наоѓа финансиска поддршка за својата софтверска апликација и добива можност да основа сопствена компанија Milenyum Soft, при што од вистински лузер станува успешен извршен директор. Повторната средба на Есра со Озан за неа е големо изненадување. Но, непријатно. Озан се однесува премногу арогантно и ладно. Тој сега е богат со голема компанија, а таа останала истата, сиромашна и во трка со времето и работата. Озан никогаш не ѝ простил што го оставила и смета дека сега таа ги сака само неговите пари. А таа... единствено што посакува е да добие извинување од Озан за тоа што ѝ го сторил во бракот и поради што морала да се разведе. За двајцата млади следуваат низа комични ситуации и караници кои ќе мора да ги совладаат како би ја оживеале повторно нивната голема љубов. Љубов која никогаш не ни згаснала.

Улоги : Burcu Özberk (Есра), İlhan Şen (Озан), Mehmet Korhan Fırat (Еко), Günay Karacaoğlu (Зумрут), Zeynep Kankonde (Менекше) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 70 / 70