Осветничка (2017)

Арзу, Мерве и Пелин во време на средношколските денови сурово се пошегувале со својата пријателка Оја. Оја била посрамотена и исфрлена од училиштето, по што завршила на раб на самоубиство. Арзу, Мерве и Пелин останале и понатаму блиски пријателки, но веќе со години, не ја виделе Оја. И години по тој чуден и мистериозен настан, сега на погребот на нивниот бивши директор, се појавува Оја - на изненадување на сите. Судбината го вкрстува животот на Оја со девојките кои ѝ го уништија животот, и сега таа е подготвена за голема одмазда како би се израмниле сметките од минатото.

Нејзините дамнешни пријателки навидум живеат богати и среќни животи. Сите три се омажени и со деца, за разлика од Оја која се посветила на кариерата како доктор. Пелин е мажена за Тајлан и таа навидум блеска однадвор, но внатрешноста говори нешто сосема друго. Исто како што и мирниот дух и трпеливоста кријат нешто сосема поинакво за Арзу, мажена за Мехмет и со длабоки немири во душата. Животот, пак, на опасната Мерве, мажена за згодниот богаташ Серхан, наликува како оној на кралиците, за сè таа го има последниот збор. Сè до моментот кога ќе се врати Оја. Моментот кој ќе ги смени судбините на сите, како што сите тие многу одамна ја променија нејзината судбина.

Едно мистериозно убиство навестува откривање на големите тајни од минатото. Тајни обвиени со лаги, страст и предавства. Злосторство од минатото навестува нови злосторства сега. Што се крие зад сето тоа и кои се мотивите зад тие убиства? Тајните започнуваат да излегуваат на виделина, а одмаздата ги разоткрива длабоко скриените побуди.

Улоги : Gökçe Bahadır (Оја) , Aslıhan Gürbüz (Мерве), Bade İşçil (Пелин), Tülin Özen (Арзу), Mert Fırat (Серхан), Ferit Aktuğ (Тајлан)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 90 / 90