Притаени страсти (2008)

Приказната се врти околу младата и убава Бихтер, која ја презира својата мајка, манипулативната и алчна Фирдевс, бидејки смета дека таа го изневерува својот татко со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира.

Бихтер, желна за одмазда, го заведува Аднан, љубовникот на нејзината мајка и ќе се омажи за него. Аднан е дваесет години постар од Бихтер, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Истанбул со својата ќерка Нина и посвоениот син Бехлул.

Бехлул е згоден млад маж, кој важи за голем заводник и е склон кон ноќниот живот, жените и пороците. Oна што Аднан не го знае за својата убава и млада сопруга е дека Бихтер всушност е со години вљубена во Белхул, уште од ноќта кога се забавувале и спиела со него, а тој ја откачил како што прави со сите жени всушност. Доаѓањето на Бихтер во куќата на Аднан означува почеток на една мистична и незаборавна љубовна приказна, која ги поврзува тајните и лагите, неверството и силната желба за одмазда.

Улоги: Beren Saat, Kıvanç Tatlıtuğ, Nebahat Çehre, Selçuk Yöntem, Hazal Kaya, Batuhan Karacakaya, Zerrin Tekindor, Nur Aysan, İlker Kızmaz, Ufuk Kaplan, Recep Aktuğ, Zerrin Nişancı. Baran Akbulut.

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 33 / 33