МериеМ (2017)

Мерием – убава, наивна и грижлива девојка која работи во една пекара заедно со својот татко. Во врска е со Октај, студент по правни науки, и сонува еден ден да се омажи за него. Таа е подготвена на сѐ за неговата љубов, дури и финансиски му помага и спремна да го жртвува и сопствениот живот. Но, кога Октај станува обвинител, почнува работите да ги гледа од друга страна. Желбата за моќ и пари му го заслепиле умот, па затоа сака да раскине со Мерием сметајќи дека таа е обична и сиромашна девојка. Еден ден, возејќи се во кола, Октај ќе згази една девојка, но поради силниот дожд Мерием не успева да види што се случило и ќе поверува на лагата на Октај дека удриле само дузина буриња. Девојката умира, а вината за несреќата ја превзема Мерием со цел да не му прави проблем на Октај во кариерата. Но, таа е невина и наивна. Мисли дека притворот брзо ќе заврши и дека ќе се докаже невиноста благодарение на Октај како обвинител во кој безрезервно верува. Каменот ѝ се удира в глава кога доаѓа денот на пресудата и самиот Октај ѝ ја изрекува драконската казна – 8 години затвор. На тој начин тој се ослободува од злосторот кој го направи и од девојката која му пречеше во намерата да стане влијателен врховен судија, но на тој начин ја смести невината Мерием зад решетки, недолжна да одговара за нешто што не сторила. Невина девојка фатена во костецот на слепата љубов и бескруполозната лага. Кога човекот во кој веруваше, ќе ѝ го приреди најголемото предавство, за нашата Мерием не останува ништо друго освен да најде начин да излезе од ѓаволската игра што ѝ ја приреди судбината. Ќе може ли Мерием да ја издржи казната, овојпат свесна за вистината? Ќе може ли да ја докаже невиноста и да ја погледне во очи фамилијата на умрената девојка? Во нејзиниот живот влегува богатиот Саваш кој бил свршеник на девојката која почина во несреќата. Неговата, и желбата на богатата фамилија е да ја уништат Мерием, но… неочекувана љубов ќе го замагли срцето на Саваш. Љубовта кон Мерием ќе стане посилна од желбата за одмазда и ќе биде единствен начин за спас на невината затвореничка.

 

Извор: www.tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 80 / 80