Ѕвезда водилка (2017)

Еден даден завет засекогаш ќе го промени животот на младата девојка. Едно ветување ќе ги затегне оковите на ропството и ќе ја издигне суровата традиција над сопствените копнежи и сопствените надежи. Еден аманет во име на парите ќе ја разниша кревката душа, за која животот повеќе ќе нема смисол.

Фикрет Каракаја е богат и исклучително моќен ага, кој и покрај тоа што е веќе навлезен во староста, сака да се ожени со млада девојка. Старецот ѝ фрлил око на убавата и бунтовна Зухре, која од мали години живее во селото и работи со својата мајка на поле. Таткото на Зухре во име на традицијата и долгот, решава да ја даде раката на ќерка си на господинот Фикрет. Но, на Зухре не ѝ паѓа ни на крај памет да се омажи со човек неколку децении постар од неа, па затоа ноќта во очи на свадбата, одлучува да побегне, подготвена дури и да умре во име на слободата. Никој од стражарите нема да ја забележи, па така таа заминува од тоа проколнато и проклето семејство во Кападокија каде беше приморана да се омажи против своја волја.

Во тоа бегство, таа го запознава добродушниот и праведен Сеит, кој е свесен за нејзината беизлезна ситуација и ѝ ја нуди неговата поддршка. Иако на почетокот се чини дека тие двајца се само пријатели, сепак меѓу Зухре и Сеит се раѓа љубов, која станува поголема и од желбата за слобода и правда. Поради љубовта кон Зухре, Сеит е подготвен да се одрекне од својата фамилија, од својот дом и тлото на кое ги направил првите чекори. Двајцата вљубени се веќе во Истанбул каде патиштата им се вкрстуваат со Зекар Каракаја, син на господинот Фикрет. Зекар со својот син Али раководи со еден ноќен клуб, а и покрај фактот што е оженет со Сирма, тој на прв поглед се вљубува во Зухре.

Кога целта ги оправдува средствата, тогаш злобниот Зекир нема да бира начин за да ја направи Зухре своја и да го уништи животот на Сеит и неговото семејство. Но, она што Зекар не го знае е дека Зухре е всушност невестата бегалка од селото, девојката за која требаше да се ожени неговиот татко. И додека традицијата и злобата им дишат во врат, Сеит и Зухре ќе се трудат да се изборат за својата среќа, а чистата и искрена љубов ќе биде нивната најсјајна ѕвезда водилка.

 

Улоги : Шукру Озјилдиз, Селин Шекерџи, Мендерес Саманџилар, Селим Бајрактар , Ајсун Метинер, Ариф Еркин​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 32 / 32