Бегалка (2018)

Нефес имала само 16 години кога била омажена за богатиот наследник и бизнисмен, Ведат од кога и започнува нејзината тажна приказна. Нејзината судбина сиве овие години била доста тешка. Затворена во конакот на семејството, живеејќи во брак во кој постојано била и физички и психички малтретирана од насилниот сопруг и ѕвер. Плод на силување, но не и на љубов е нејзиното синче Јигит, кое за младата жена е единствена светла точка и надеж дека еден ден ќе се спаси од златниот кафез во кој живее.

Многупати се обидела да побегне од пеколот, но секој обид завршувал безуспешно. Во домот на богатото семејство доаѓа бизнисменот Мустафа со цел да склучи деловен договор со Ведат. Тука е и неговиот брат Тахир кој веднаш забележува дека нешто не е во ред во куќата и дека Нефес е жртва на семејно насилство, но за жал не може да стори ништо. Тој момент го искористува младата Нефес за уште еднаш да се обиде да побегне од таму. Таа со синчето се кријат во автомобилот на Тахир и на тој начин успеваат да побегнат од Ведат и од куќата во која ги доживеа најголемите кошмари. Тахир ја дознава нејзината приказна и решава да им помогне да се сокријат, а во меѓувреме во конакот, Ведат открива дека неговата сопруга избегала и од тогаш издава наредба до сите негови поданици - под дрво и под камен да се бара и врати назад неговата сопруга. Долга и мачна ќе биде битката на бегалката да се сокрие од оној кој цело време ќе ѝ стои зад петици. Од оној од кој и сега не може да има мир и спокој. Но, за среќата на своето дете, бегалката ќе мора да се жртвува, да бега и да се крие, да сонува и да се надева, да живее со мислата дека никогаш повеќе нема да биде робинка и жртва. И во тоа бегство, со неа секогаш ќе биде Тахир, човекот кој им помогна и кој ќе ја научи Нефес дека може да сака, но овојпат искрено, слободно и среќно.

Улоги : İrem Helvacıoğlu (Нефес), Ulaş Tuna Astepe (Тахир), Mehmet Ali Nuroğlu (Ведат), Demir Birinci (Јигит)​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 164 / 164