Големата одмазда (2012)

Џанан е млада и несреќна девојка. Нејзиниот татко Халтун сака да ја продаде во договорен брак со богатата фамилија Догхан, но невината душа на Џанан не сака ни да помисли да се омажи со човек кого не го сака. Tаа не може да разбере каков долг има татко ѝ кон таа фамилија, за да она би морала да се омажи со злобниот Саваш, син на исто така бескруполозниот господин Килиџ. Нејзиното срце бие само за Ајаз Шенѓул, човекот кој мистериозно започнува зделки со холдингот на семејството Догхан.
Но, Ајаз ќе мора да ја напушти саканата затоа што неговата цел е само една - големата одмазда кон тие што му го уништија животот, кон тие што го разделија од брат му и сестричката, кон тие кои се виновни за смртта на неговото семејство. Трагите на неговата потрага водат кон богатото семејство Догхан, но злобниот Килиџ нема туку така да дозволи некој да ја урне неговата империја. Со уцени, киднапирања и убиства, тој ќе се бори против оние кои сакаат да го разоткријат, но и со сите сили ќе го тера својот син Саваш да се ожени со младата Џанан.

Улоги : Emre Taşkıran (Ајаз), Ali Başar (Килиџ), Cem Uçan (Ферхат), Semra Güzel (Џанан), Aleyna Sena Yıldız (Бејаз) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 79 / 79