Девојката од село (2016)

Младиот Ферит по своите студии во Америка, се враќа во Истанбул, но го дочекува веста дека бизнисот на неговиот татко е на раб на пропаст. За да го спаси бизнисот, Ферит ќе мора да ги продаде семејните ниви во едно село, прилично заборавено од светот. Тоа село е местото кое фамилијата на Ферит одамна го напуштила, а нивниот имот го води Кахиа. Кога доаѓа во родната куќа во Истанбул, братот на Ферит, Џунејт му кажува дека комуницира со една девојка преку интернет на која ѝ се претставил како Ферит и ѝ испратил негова слика. Таа девојка, од социјалните мрежи е Илкѓун, ќерката на Кахиа и една од девојките која живее во чудното село. Во тоа село важи зборот на жените. Сите мора да ги почитуваат женските правила и сите мора да се однесуваат онака како што ќе кажат жените. На ергените во селото не им преостанува ништо друго освен да се женат со селанките, а пак Илкѓун е заљубена во човекот од фотографијата од интернет, и не сака да се омажи со некој нејзин соселанец. Затоа, селската убавица ја користи приликата кога татко ѝ нема да биде во селото и решава да замине за Истанбул како би го запознала Ферит.

Ферит и Илкѓун се вљубуваат еден во друг, но за да се ожени тој со неа, ќе мора да ги слушне и прифати обичаите на убавото, но чудно селце. Друго чаре нема. Селаните дозволуваат човек кој не е нивен жител да се ожени со девојка од селото, ако и само ако се пресели и живее во нивното село. За Ферит не постои друга опција, па така ќе мора да започне да се навикнува на новите традиции и чудни адети.

Улоги : Yusuf Çim, Gülsüm Ali, Mehmet Özgür, Ali İpin, Toygan Avanoğlu, Aylin Kabasakal, Uğur Demirpehlivan, Selim Erdoğan, Kerim Yağcı​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 26 / 26