Дневникот на Фериде (2013)

Ова е приказна за Фериде, девојчето - сирак кое како мало останало без своите родители и од тогаш почнува да ја раскажува својата животна судбина. Во зима го посетува францускиот интернат во Истанбул, а летниот одмор го поминува кај семејството на својата тетка. Во училиштето го добива прекарот "чучулига", птица чие име значи ведрина и ѓаволштина, карактеристики кои не биле специфични за муслиманските девојки во тоа време. Иако пораснала без своите родители, таа не се чувствува осамено. Има многу пријатели на училиште, а исто така е сакана и од нејзините тетка и тетин. Нејзината тетка има две деца, синот Камран и ќерката Неџмије. Неџмије е постојано љубоморна на својата братучетка поради тоа што целото внимание на семејството е свртено кон неа, а пак Камран е млад и успешен доктор кој ужива многу симпатии кај женскиот пол. 

Иако Фериде и Камран постојано се караат без никаква причина, тие длабоко во себе кријат голема и искрена љубов. Кога конечно се свесни за тоа, решаваат да се венчаат. Но на денот пред венчавката, Фериде открива дека Камран ја изневерува. Повредена и тажна, Фериде остава се зад себе. Го напушта семејството, ги напушта пријателите, го напушта Истанбул и заминува во друг град да работи како учителка. Нејзиниот живот се менува, но таа никогаш нема да ја заборави првата љубов и првото разочарување.

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 73 / 73