Заблуда (2024)

По смртта на неговите родители, Халил почнува да го спроведува својот план за одмазда. Тој го чека денот кога ќе се соочи со семејството Асланли, кое му го украло минатото и семејството. Овој млад човек, кој се бори со животните тешкотии уште од детството, сега се враќа во својот роден град за да им се одмазди на оние што му згрешиле. Неочекувано ја среќава Зејнеп, ќерката на најбогатото семејство во градот. Зејнеп е дел токму од тоа семејство, од Асланли, но таа е вистински воин која води семејниот бизнис по смртта на нејзиниот татко. Халил мисли дека победил кога го превзема нивниот чифлик и целото богатство на семејството Асланли, но не знае дека го чека нешто што не може да го предвиди. Тој се обидува да избега од своите чувства кон Зејнеп, но не успева. Иако Зејнеп мора да се бори да си го врати животот и е убедена дека го мрази Халил, тој веќе си зазема место во нејзиното срце. Нема враќање назад за овие двајца млади луѓе, заробени во вртлогот на големата љубов и заслепени од заблудата која им ги уништува срцата.

Улоги: Gökberk Yıldırım, Cemre Arda, Enes Özdemir, İlkay Güz Bozkurt, Selma Kutluğ​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 80 / 80