Украдено минато (2016)

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо влијание во општеството. Господинот Тахсин има две деца - синот Корхан, кој за него претставува големо разочарување, како и ќерката Сухан, која ја сака најмногу на целиот свет. Сухан е успешна и независна девојка, која има свој бизнис со брендирани парфеми, а Корхан е женет со младата и опасна Џахиде, чија единствена цел е да остане бремена и да роди наследник на династијата. Но, таа се плаши дека нејзината золва Сухан може да забремени пред неа и на тој начин да се здобие со право на семејното наследство. Затоа решава и да ја убие Сухан и ќе ѝ намести несреќа за да загине, но во тоа нема да успее затоа што еден странец ќе ја спаси девојката.

Тој странец е русокосиот убавец Џезур, кој со тој подвиг ќе ја добие наклонетоста не само на Сухан, туку и на господинот Таксин. Но, никој од богатите не ни може да претпостави која е намерата на Џезур. Тој се вратил во гратчето со една и единствена цел - одмазда кон фамилијата Корлудаг поради грешките од минатото за кои го обвинува господинот Тахсин. Џезур е решен да ја одмазди смртта на својот татко, за кого верува дека е убиен од Тахсин, па нема да бира средства да ја стекне довербата на семејството и да го повреди убиецот на татка си, онаму каде најмногу ќе го боли - ќерката Сухан. Но, она што Џезур нема да планира се чувствата кои ќе се родат меѓу него и Сухан. Љубовта меѓу двајцата млади ќе стане посилна од сѐ друго и ќе ја надвладее желбата за одмазда на човекот кој се врати по неговото украдено минато.

 

Улоги : Kıvanç Tatlıtuğ (Џезур), Tuba Büyüküstün (Сухан), Tamer Levent (Тахсин), Erkan Avcı (Корхан), Serkan Altunorak (Булент), Sezin Akbaşoğulları (Џахиде), Devrim Yakut (Михрибан), Nihan Büyükağaç (Адалет), Firat Altunmeşe (Кемал), ...​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 77 / 77