Слатка одмазда (2016)

Пелин е млада и убава девојка, но за жал, несреќна во љубовта. На нејзиниот најсреќен ден, венчавката, оставена е од нејзиниот свршеник Толга и во разочарување и депресија, започнува да се испитува себеси и сопствените грешки од минатото. Шетајќи низ спомените, сфаќа дека за време на факултетските денови, направила еден грев поради кој веројатно и ден денес отплаќа. Таа тогаш го понижила Танкут пред сите студенти и сега сака да се искупи за направената грешка. Успева да го пронајде, но сега Танкут не е повеќе истиот дечко од деновите поминати на факултет. По понижувањето кое му го приредила Пелин, тој го напуштил факултетот, заминал во странство и постанал успешен готвач. Сега, години потоа, тој се враќа во Турција под друго име, Синан. Синан е сега згоден и самоуверен, но никогаш не го заборавил тоа што му го сторила Пелин.

Иако навидум изгледа лесно за простување, сепак тој е подготвен на нешто друго, пред да ѝ прости на Пелин. И тоа друго е одмазда за понижувањето. Одмазда, која за него ќе биде слатка и од која ќе се роди љубов, уште послатка и поголема од желбата за одмазда.

 

Улоги : Leyla Lydia Tuğutlu, Furkan Andıç, İlker Kızmaz, Zeyno Günenç, Ayșenil Şamlıoğlu, Hazal Türesan, Çağrı Çıtanak​

 

Извор: tvpaket.com.mk

 

 

 

Сезони 1 / 1
Епизоди 50 / 50