Осомничен (2022)

Илјас и Мелике живеат еден среќен и хармоничен живот заедно со нивната ќерка Џерен и малечкиот син Каан. Од друга страна, ги запознаваме Зејнеп и Тугрул, несреќен пар кои продолжуваат со кавги дури и кога во близина е нивниот 12-годишен син Ефе. Еден ден, патиштата на двете семејства се спојуваат откако Ефе ќе го убие малиот Каан. Зошто се случило тоа, што натера едно дете да убие друго дете и на тој начин да ги уништи животите на сите околу него?

Додека Мелике и Илјас се во невидена тага, неверување и шок, Тугрул ја обвинува сопругата за инцидентот поради кој нивниот син ќе има допрва последици. Педагогот Демет и полицаецот Седат се двете лица кои ќе се обидат да откријат зошто Ефе го убил Каан. Оваа траума никого нема да поштеди затоа што допрва следува една емотивна и трогателна истрага која треба да ги открие мотивите за убиството и да го казни злосторникот. Низ целата таа истрага, сите ликови ќе мора да ги откријат своите тајни и своите слаби страни за да ја разберат трагедијата и да излезат од кошмарот кој им се случува.

Улоги : Songül Öden (Зејнеп), Nihal Yalçın (Мелике), Canan Ergüder (Демет), Timur Acar (Илјас), Serhat Teoman (Седат) и др.​

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 20 / 20