Трите деца (2019)

Рејхан и Џем очекуваат три близначиња, но поради ризичната бременост на самото породување, едното од нив умира. Судбината сепак приредила убаво изненадување за Рејхан и Џем, па така во болницата во истиот ден е родено бебе кое е оставено од неговите родители. Разочарана и потиштена од смртта на своето бебе, Рејхан не сака да прифати замена, но тука е Џем кој ја убедува сопругата да го посвојат тоа бебе и така да растат трите деца заедно, како близнаци.

По 35 години, ги следиме животите на Берк, Бесте и Махур. Махур е посвоениот, но грижата на неговите родители, братот и сестрата никогаш не го направиле помалку важен од нив. Тој сега е женет, има две ќерки и живее убав живот. Сепак, потрагата по неговиот биолошки татко ќе го однесе до Шаќур, кој е тешко болен. Затоа, Махур решава да го земе во неговиот дом со цел неговиот татко последните денови да ги помине во мир, љубов и спокој. Во таа куќа се доселува и Берк, братот на Махур. Тој е млад, згоден и полетен, кој е заштитно лице на познат бренд. Сега му се пружува шанса да стане актер, но за тоа не ја добива дозволата од продуцентот. Затоа Берк ќе мора да избере меѓу тешката битка до славата и мирниот живот на слободата. Во секој случај, цената ќе треба да се плати. Таа цена ќе ја плаќа и нивната сестра Бесте, која цел живот има проблем со прекумерна тежина. Сепак, за секого на овој свет има среќа. Па така, Бесте ќе запознае човек кој ќе ја сака и покрај вишокот килограми.

Tрите деца ќе мора да ги поминат сите препреки на животот, за да стекнат вредности на љубов, пријателство и храброст. Но, животот е комплициран и често носи неочекувани изненадувања.

 

Улоги : Songül Öden (Рејхан), Celil Nalçakan (Џем), Birkan Sokullu (Берк), Olgun Toker (Махур), Elçin Afacan (Бесте)​

 

Извор: tvpaket.com.mk

Сезони 1 / 1
Епизоди 34 / 34